За Агрометал

Агрометал ДООЕЛ Скопје е производствено претпријатие во приватна сопственост. Претпријатието е основано 1992 година со основна цел производство на резервни делови и опрема за винарство, за потоа да ги прошири своите услуги и за други стопански гранки.
Основна дејност е производство на запчаници, редуктори, транспортна опрема(елеватори), градежна опрема, опрема за рударство, процесна опрема за во прехрамбената индустрија и винарството, опрема за тутунски комбинати, како и изработка на поединечни машински елементи главно назабени за во графичката индустрија, текстилната индустрија ткајачници, каменоломи и слично.
претпријатието брои 15 вработени од кои 70% се директно вклучени во производствениот процес.


Директните учесници во производството се потврдени и докажани висококвалитетни мајстори, со повеќегодишно работно искуство. Локацијата на претпријатието е во Скопје на 2000 метри квадратни работен простор со административен дел, производствен погон и магацински простор за репроматеријали и готови производи. Освен тоа располага со свои канцеларии и испостави и во следните градови низ Македонија: Битола и Кавадарци. Претставништво во Бугарија - Софија и во Хрватска - Загреб.
Дејностите што ги покриваат нашите досегашни коминтенти се од црната металургија, рударство, градежништво, производство на градежни материјали, винарство, прехрамбена индустрија, кондиторство, тексилна, хемиска индустрија итн.
Опремата во нашите производни погони е обезбедена од светски познати и признати производители.

Бележиме успешна соработка со:

  • HWK - Hauneck Unterhaun
  • Werkzeng & Formenbau од Германија производител на алати (специјално за производителите од автомобилската индустрија)

Производство

НАШАТА МИСИЈА

  • Нашата мисија е достигнување на висококвалитетни назабени машински делови и производи. И тоа за сите коминтенти кои се со дефинирано префинето чувство за квалитет каде пак класата на точност е повисока

Учество на саеми

  • Нашата фирма во последните неколку години зема активно учество на Meѓународните саеми во Скопје и тоа АГРОЕКСПО, ТЕХНОМА, ЕНЕРГЕТИКА, како и на Меѓународните саеми во нашите соседни држави, Бугарија, Србија и Косово.